Што се однесува до Рестораните, традиционално во Охрид неможеше да се добие кафе, ги исклучувале машните бидејќи немале ќар.

Објавил: Македонка Димкин | 1 јануари, 2024 12:38

Охридскиот плоштад преполн за дочекот на Новата 2024 година

Фото/Текст извор: ©Магазин

Охридскиот плоштад сношти преполн за дочекот на Новата 2024 година. Весело, раздвижено, распеано, се пееше во еден глас.

Задолжени за забавата вечерва беа Бендот „ДНК“, естрадните уметници Нино Величкоски, Татијана Стефановска, како и ди-џеите Јана Слеј и Багзи и секако Наум Петрески

Вчера на плоштадот се одржа и  музичко-театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.

Забава во центарот на Охрид ќе има и на 1 јануари, со настапот на групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски, предвидена да почне од 12 часот.

Хотелските капацитети за Новогодишните празници беа исполнети, особено оние со помал број легла. Помалите сместувачки објекти се речиси стопроцентно исполнети, се чува само по некоја соба колку за сместување свои коминтенти, додека однапред резервираните аранжмани се речиси распродадени.

Што се однесува до Рестораните, традиционално во Охрид неможеше да се добие кафе, ги исклучувале машните  бидејќи немале ќар. 

А ако случајно ќе најдевте слободна маса, ќе бевте послужени на српски јазик, велат неможеле да знаат кој им се гостите . 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Покојниот командант на паравоените сили во емисијата „Минимакс“ емитувана во 1996 година откри како го добил својот надимак.

Конечно откриено: Еве како Жељко Ражнатовиќ го добил прекарот Аркан!

Веројатно многу пати сте се прашувале зошто Жељко Ражнатовиќ го викале Аркан? –...