Ова вкусно јадење е традиционален дел од Охридската кујна.

Објавил: Перо Милчин | 9 февруари, 2020 22:15

Охридски чомлек

Фото/Текст извор: ©готви.мк

Охридско ѓомлезе, тресена пастрмка, охридски чомлек и охридска торта, се само мал дел од традиционалните јадења кои по уникатен рецепт се подготвуваат само во Охрид.

Рецепт за охридски чомлек. За ова јадење ви е потребно малку повеќе време, но резултатот навистина вреди.

Ова вкусно јадење е традиционален дел од Охридската кујна.

 

Состојки:

2,5 кг мали кромидчиња
1 кг јунешка кртина
2 главици лук
1/2 чаша вински оцет
1/2 чаша вода
масло за готвење
сол, црн бибер и црвен пипер

Начин на готвење:

Месото се сече на парчиња. Се чистат кромидот и лукот.
Наредете ги во тава за печење по следниот редослед: ред кромид и лук, ред месо. Лукот треба да има тенка кора за да не се стопи.
Се посипува со црвен пипер, црн бибер и сол.
Додадете го винскиот оцет, водата и маслото за готвење.
Тавчето се покрива и се пече 2-3 часа на 200 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Рецепти

„Висока треска (над 50 степени) и зголемена влажност над 50 проценти од короната не можат да преживеат.

Короната ова не може да го преживее: Јас сум доктор 42 години- доволна е една лажица на утро и навечер!

Д-р Јуре Буриќ испрати писмо до хрватскиот министер за здравство Вили Берош во врска...