Трипуновски

Објавил: Калина Мартинска | 16 ноември, 2024 11:18

Охридското езеро се става во функција со седум риболовни зони

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, беше во работна посета на Охрид и Струга, каде се сретна со претставници на риболовните здруженија и риболовците од тој крај.

„Денеска сум во посета на Охрид и Струга, целта на мојата посета е средба со риболовните здруженија и риболовците од овој крај. Да ги запознаам со новата риболовна основа која што ја донесовме“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско езеро“, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период.

Министерот посочи дека целото езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.