(Видео) Охриѓанецот Чеди Осман не заборава од каде доаѓа и не пропушта шанса да покаже колку е горд на Македонија.

Објавил: Сања Кукиќ | 5 март, 2019 19:54

Охрид му е во душата, НБА-играчот Чеди Осман повторно ја изрекламира Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Иако игра за турската репрезентација, Македонија му е во срцето. Охриѓанецот Чеди Осман кој игра за Кливленд Кавалирс во најелитната кошаркарска лига НБА, речиси по секој натпревар не пропушта да ја спомене Македонија. Сега повторно ја изрекламира нашата земја.

Чеди Осман (роден на 8 април 1995 година во Охрид, Македонија) е турски кошаркар. Тој игра за Клеваланд Кавалиерс од 2017 година. Во НБА во 2015 година, Осман беше прогласен за 31-ви од Минесота Тимберволвес, кој подоцна ги пренел неговите права на Кливленд Кавалиерс. Стои на Википедиа.

Осман неодамна ја воодушеви Македонија кога на „Ол-Стар“ натпреварот на кој доби повик настапи со патики на кои го имаше македонското знаме. Момчето родено во Охрид на едната патика го имаше македонското, а на другата турското знаме.

После натпреварот тогаш Осман истакна дека сакал да искаже љубов и благодораност.

„Јас сум роден во Македонија, а играм за репрезентацијата на Турција. Со ставањето на знамињата на моите патики сакав да искажам благодарност и љубов до двете земји кои ме подржуваа во се“, изјави Осман после натпреварот во кој тимот на светот беше поразен од Американците.

Сега во едно видео повторно ја изрекламира нашата земја.

Осман се опишуваше себеси и кажа дека знае турски, српски, македонски и англиски јазик. Омилено јадење му е бурек, Охрид е ноговото омилено место за одење на одмор…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кошарка

И додека многумина кои се со поинаква националост од Македонската, го потиснуваат македонското во себе, Охриѓанецот Чеди е ГОРД МАКЕДОНЕЦ!

(ФОТО) Чеди Осман на НБА Аll star ќе настапи со патики во боите на Македонија и Турција

Турскиот кошаркар Чеди Осман родум од  Охрид а настапува за тимот на Кливленд...

Уште еден негативно случување на граничниот премин "Јариње". Имено, целиот тим од Кошаркарскиот клуб Партизан беа спречени на граница,да влезат во Косово.

Забрана на Косово – Кошаркарите на Партизан не добија дозвола да влезат во Косово

Српскиот клуб Партизан се упати кон Косово да даде голема поддршка на своите сонародници,...