
Македонија
Скандал
Овие денови во Охрид започна уривање на дивоизградени објекти и на платформите од рестораните низ градот и долж крајбрежјето.
Откако се отстранија неколку платформи во стариот дел од градот, на ред дојде и платформата на познатиот угостителски објект, Куба Либре.
Со активности на објект на улицата „Марко Нестороски“ пред неколку дена во Општина Охрид почна со најавуваното уривање на дивоизградените објекти низ градот и долж крајбрежјето.
Според соопштението од Општина Охрид, се постапува согласно законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Со акцијата за уривање ќе бидат исто така отстранувани дивоизградени објекти што се во тек на изградба и оние дивоградби опфатени со регистарот на дивоизградени објекти, што се изградени во периодот од 2006 до 2019 година.
„Општина Охрид е сериозно посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и уште еднаш ги повикува сопствениците на дивоизградени објекти, да постапат согласно добиените решенија за отстранување на градбите. Во спротивно отстранувањето ќе го изврши општината, а трошоците за отстранување, ќе ги сносат лицата кои се задолжени во решенијата“, се вели во соопштението од Општина Охрид.

Ако општината постапувала така како што постапивме ние на секоја активност на дива градба да се пристапи кон отстранување по основ на решение, ќе немавме проблем со бесправно изградени објекти, истакна градоначалникот Константин Георгиевски.
-Отстранувањето на бесправно изградените објекти е процедура која во рамки на општина Охрид била изоставувана години наназад и соодветно не се санкционирале бесправните градби. Тоа е причината поради која во Охрид имаме толку бесправни градби. За секоја активна дива градба треба да се пристапи за отстранување по однос на решението. Тоа отсега ќе биде вообичаена пракса и за секоја дива градба ќе се постапува соодветно, вели Георгиески.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.