На социјалните мрежи денеска се споделуваат фотографии од ѓубре кое домашните туристи го оставаат зад себе во туристичкиот центар Охрид!
Но, утринава Охрид се разбуди во смет. Овие фотографии кружат по социјалните мрежи денеска!
Мерките и препораките за заштита од Ковид-19 не се почитуваат во целост, особено во вечерните часови во централното градско подрачје, на кејот и околу пристаништето. Како се седело синоќа крај Охридското Езеро, така се оставиле пластични ќеси, пластични чашки, кутии од цигари, пластични шишиња од пијалоци (пиво, сокови), хартија, лименки, хартија, итн, објави Нова Тв!
Министерството за здравство апелира да се почитуваат донесените протоколи од Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во текот на пандемијата со КОВИД-19, како од страна на посетителите, така и од страна на вработените.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.