Од Универзитетот нагласуваат дека студентите знаеле дека студиските програми биле во фаза на реакредитација, постапка која е техничка а ресорното министерство ја влечело цела година

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 9:40

Охрид: Се запишале на факултет кој не постои

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле” во Охрид без акредитации запишувал студенти.

Универзитетот извисил 47 студенти, на дваесетина дена пред почетокот на студенската година. Идните академски граѓани дознале дека практично се запишале на непостоечки факултети, за кои Универзитетот до овој момент нема акредитација.

Родителите крајно револтирани велат дека недозволиво е на овој начин да се поигрува со иднината на нивните деца кои избрале да студираат на два факултети во склоп на универзитетот, за кои беше објавен редовен конкурс.

Запишаните студенти во државна квота, на Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност, како и на Факултетот за комјутерски науки и инжинерство сега не можат да студираат на избраните студии.

Пред самиот почеток на академската година, откако уредно биле запишани и примени на избраните факултети, во последен миг, во петокот од Универзитетот им било кажано дека за наведените факултети нема акредитација.

Студентите сега немаат избор, мора да се запишат на Факултетот за информациони системи, визуелизација, дигитална мултимедија и анимациска техника.

И додека родителите бараат од министерството итно да преземат мерки за да можат разочараните деца да студираат на избраните факултети, од универзитетот нагласуват дека во самиот конкурс имало забелешка со која кандидатите се информирале кои од програмите се очекуваа да бидат повторно реакредитирни што е формална постапка од техничка природа која ресорното министерство ја влече една година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Ова е проблем и за образовните работници. Наставникот од училиштето „Петар Здравковски Пенко“ Фадиљ Сулејмани вели голем број на учебниците се стари, искинати и уништени.

НЕМА НОВИ УЧЕБНИЦИ и по два месеци од учебната година, а тие што ги има се ИСКИНАТИ

Снимките во продолжение пристигнаа до ТВ21, од страна на револтирани родители кои сакаат...

Истакна дека имал неколку средби со родители на невакцинирани деца, во присуство и на други надлежни министри и на премиерот, и на тие средби ги разгледувале сите законски аспекти.

Околу 200 првачиња не се запишани на училиште затоа што не се вакцинирани

Според податоците што Министерството за образование и наука до петокот ги добило од...

Денеска на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во академската 2019/20 година првпат започнуваат со студии околу 7.000 студенти запишани во сите три циклуси.

СРЕЌНО СТУДЕНТИ: Почнува новата академска 2019/20 година!

Иако Законот за високо образование важи од мај 2018 година, речиси ниту една одредба...

Од земјите што не се во Европска Унија најдобро платени (од годинава) се просветните работници од Косово, кои откако штрајкуваа се изборија за плати до 600 евра.

ЕВЕ КОЛКУ ИЗНЕСУВААТ ПЛАТИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО РЕГИОНОВ!

Платите на наставниците се потпросечни во земјава. Факултети.мк направи споредба помеѓу...