
Живот
Интервју
Птседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситјан Мицкоски гостувањето на 24 тв посочи дека очекува тежок период за македонската економија поради неспособноста на актуелната власт да се справи со економските последици од епидемијата на вирусот корона.
Мицкоски изјави дека очекува навистина тежок период за нашата земја.
Во гостувањето на ТВ24 рече дека ако направиме споредба на состојбата со ковид-19 во однос на другите земји од регионот, Македонија е на долната половина.
Иако морам да признаам дека помалку збунувачки сигнали добиваме од релевантните институции. Вие се сеќавате, блескавме околу 20 март и се беше идеално, буџетот се полнеше немавме никакви проблеми за потоа за 180 степени да се заврти бродот и апокалиптични сценарија ни се најавуваат. И вчера ресорниот министер излезе на прес конференција и кажа дека е супер ситуацијата, и каже дека ќе имаме пад на бруто домашниот производ, според министерството за финансии од 3,4 проценти, но дека тоа не е страшно и дека имаат план и дава еден приказ како се полни буџетот, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека данокот за првиот квартал што го има соберено УЈП е за 3,3 милијарди денари помалку.
-Тоа што се побара од банките, банките го испорачаа. И јас сум граѓанин на оваа држава. И јас имам обврски кон банките, лизинг за возило, потрошувачки кредит кој што го сервисирам, големо мнозинство на граѓаните имаат такви обврски. Сите бевме загрижени како ќе се однесуваат во тој момент банките. И сите се боревме тогаш банките да преземат сериозни чекори во тој момент, тие преземаа делумно тоа беше одложувањето нели, репрограмот на отплатата на обврските кон банките, појасни Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.