Вирусот кој сее страв, има неколку симптоми како грозница, температура, кашлање и болка во градите, но сега медицинската сестра Челзи Ернест од Америка посочува дека и црвените очи може да бидат знак дека пациентот е заразен со коронавирус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2020 16:29

Очите откриваат дали имате коронавирус- овој симптом не го занемарувајте!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото јавно.мк

Епидемиолозите секојдневно откриваат нови симптоми на коронавирусот кој во моментот владее низ светот.

Кога станува збор за СОВИД-19, лекарите сè уште се обидуваат да ја разберат целокупната слика за симптомите и сериозноста на болеста.

Вирусот кој сее страв, има неколку симптоми како грозница, температура, кашлање и болка во градите, но сега медицинската сестра Челзи Ернест од Америка посочува дека и црвените очи може да бидат знак дека пациентот е заразен со коронавирус.

„Лично го видов тоа. Заболените имаат очи како кај алергија. Белиот дел од окото не е црвен. Тоа е повеќе како да имаат црвена сенка од надворешната страна на очитe. Имавме пациенти кои имаа само црвени очи како единствен симптом што го видовме, дојдоа во болница и починаа.“

Како што пренесува Си-ен-ен, претходно американската офталмолошка академија неколку пати предупредила дека поседува извештаи каде стои назначено дека новиот коронавирус или Ковид 19 е поврзан со конјуктивитис, па од тука може да се заклучи дека црвенило на окото е еден од симптомите кои се јавува кај заболените.

Во Америка сите офталмолошки ординации престанаа со работа и примаат само итни случаи.

Еден од симптомите кои неодамна го посочија истражувачите кои работат на откривање на симптомите на смртоносниот Ковид 19 е губењето на сетилото на вкус и мирис. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Обично неспецифичната одбрана ефективно ги уништува микроорганизмите, но доколку таа се покаже како неефективна и микроорганизмите навлезат во телото, тогаш специфичната одбрана влегува во акција.

Која е улогата на имуниот систем?

Имунолошкиот систем претставува збир од органи ткива и жлезди кои го штитат телото...