Боки 13 го користел познанството на Катица Јанева за да рекетира бизнисмени.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 август, 2019 7:44

ОЧИ ВО ОЧИ: Катица Јанева денеска ќе сведочи пред Русковска!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Јанева денес е повикана на распит во скопското обвинителство за случајот „Рекет“ .

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во 10 часот ќе се појави во скопското обвинителство и ќе сведочи за случајот „Рекет”.

Во аудио снимките кој ги објави италијанскиот весник „Ла верита” во телефонски разговор се слуша и нејзиниот глас, како му вели на бизнисменот Орце Камчев да не се секира, „сѐ ќе биде ОК”. 

Специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, даде изјава непосредно пред одморот и рече дека не ја злоупотребила нејзината службена должност, ниту свесно, ниту несвесно.

Таа кажа дека никогаш не криела дека нејзиниот син работел во телевизијата на Бојан Јовановски-Боки 13 и комуницирал со него.

– Ова не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата службена должност за евентуално да остварува одредени привилегии или да презема незаконите дејствија. – рече Јанева.

Боки 13 го користел познанството на Катица Јанева за да рекетира бизнисмени. Нејзиното име и презиме го злоупотребувале и други лица, кажа Јанева.
Таа ги повика органите да го истражат овој случај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Иванов остро и одговори на Антикорупциска: “МАНИПУЛИРАТЕ закупот е 1.950, а не 4.500 евра”

Бившиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов реагираше на социјалните...