Живот
Настани
Дел од новиот дрворед на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел изминатово деноноќие е уништен од несовесни граѓани.
Инспектори од Инспекторатот на Град Скопје се излезени на самото место и го истражуваат овој случај на уништување на градското зеленило, а кон сторителите ќе биде изречена казна.
Булеварот Христијан Тодоровски Карпош доби нов дрворед во есенската акција на Град Скопје за садење дрвја во повеќе скопски општини, која што е во тек.
Апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото засадено на јавните површини и во парковите, а кога ќе наидат на вакви и слични вандализми да пријават во Инспекторатот на Град Скопје. Само заедно можеме да го зачуваме зеленилото и да се бориме овој град да биде подобро и поздраво место за живеење.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Настани
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.