Македонија
Вести
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Љупчо Златев за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје, објави Лидер.мк.

Новинар, главен уредник на
Економски Лидер
Сопственик и управител на Џенерал Хералдинг ДООЕЛ Скопје.
Во текот на првата половина на јули, според скопското обвинтелство, Златев како главен и одговорен уредник на портал ,,Економски Лидер”, направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои според нив дошол на противправен начин и објавените информации биле класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата за национална безбедност.
На 9 јули на интернет порталот и на Фејсбук страницата на тој интернет портал, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“. На 12 јули, пак, на интернет порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“. Во двата текста обвинетиот на јавноста и сторил достапни копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање – акти од оперативна проверка на лице, кои претставуваат класифицирани информации, велат од скопското обвинителство.
Ова е класично вршење притисок од страна ОЈО врз ,,Економски Лидер” и главниот уредник Љупчо Златев, кој објави документи за злоупотребата на УБК. Текстот за кој ОЈО бара Златев кривично да одговара е:
(ВИДЕО) Христовски: Мојот син е жртва – исклучен е од АНБ затоа што УБК ме следела како терорист!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.