Во Јавното обвинителство пристигнала документацијата од МВР во случајот со Реисот Сулејман Реџепи против кого Хелсиншкиот комитет поднесе кривична пријава поради говор на омраза.
Реџепи на поставувањето на камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија изрече навреди за македонскиот народ, што крена лавина од реакции и загриженост дека поглаварот на ИВЗ запали фитиљ како сериозна закана за соживотото во земјава и дека шири верска и национална нетрпеливост.
Пратеникот Мухамед Зекири кој го повика обвинителството да отвори истрага по изречениот говор на омраза упати отворени критики за реисот, но и до имамите.
Нам не ни пречи да градат цркви, но никогаш нема да молчиме кога не попречуваат во градењето на џамиите. Замислете вие со каков див народ живееме. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот, не се освестува- изјави приот човек на ИВЗ , а подоцна се правдаше дека бил погрешно протолкуван, односно дека неговата изјава била извадена од контекст. Наводно дека калификациите „див и непримерен народ без идентитет“ не се однесувале на Македонците, туку само на жителите во селото Лажец.
Изјавата на поглаварот на ИВЗ ја осуди Владата како и Комисијата за односи со верски заедници.
Материјалите од МВР се распоредени кај належен јавен обвинител кој постапува во насока на утврдување на наводите од пријавата – велат од Јавното обинителство, а дополнително ќе информира дали ќе бара кривична одговорност од реисот Реџепи кој на социјалните мрежи објави видео од настанот каде што го држел спорниот говор.
Претходно и Секторот за компјутерски криминал во МВР го истражуваше случајот откако Хелсиншкиот комитет реагираше со пријава.
„Резил“ улема Сулејман Реџепи позицијата поглавар на ИВЗ ја има узурпирано со калашникови, со закани и сеење страв. Повеќе од 10 години трае неговото самоволие во таа институција. Иако е најповикан да постапува во склад со тоа на што нè учи исламот, имено да биде праведен и да ги почитува различностите, тој го прави токму спротивното – вели Зекири.
Реџепи пред десетина дена се закани дека ќе ги информира верниците во 700 џамии во земјава дека се дискриминирани и дека по изборите ќе бара решавањето на стаусот на спорените верски објекти.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Webseitenbetreiber müssen, um Ihre Webseiten DSGVO konform zu publizieren, ihre Besucher auf die Verwendung von Cookies hinweisen und darüber informieren, dass bei weiterem Besuch der Webseite von der Einwilligung des Nutzers
in die Verwendung von Cookies ausgegangen wird.
Der eingeblendete Hinweis Banner dient dieser Informationspflicht.
Sie können das Setzen von Cookies in Ihren Browser Einstellungen allgemein oder für bestimmte Webseiten verhindern.
Eine Anleitung zum Blockieren von Cookies finden Sie
hier.
You must be logged in to post a comment.