Покрај Вардар, во полуфиналето ќе играат и унгарски Веспрем, шпанската Барселона и полскиот првак Килце. Завршниот фајнал-фор во Келн ќе се одржи на 1 и 2 јуни. `

Објавил: Сара Фемина | 5 мај, 2019 21:12

ОЈ ВАРДАРЕ МАКЕДОНСКИ ТИ ЈА КРАСИШ МАКЕДОНИЈА – Одиме во Келн по нова Европска титула !

Фото/Текст извор: ©сител.тв

Македонскиот првак Вардар загуби од ПИК Сегед со 29:25, но ја сочува предност од првиот четвртфинален меч кога во Скопје црвено-црните славеа со осум голови разлика (31:23).

Во тежок меч во кој првиот дел им припадна на домаќините, а вториот на вардарци, македонскиот првак иако поразен саепак на крајот можеше да се радува бидејќи по трет пат во низа обезбеди пласман на завршниот фајлан-фор турнир во Келн.
Нашите ракометари добро го отворија мечот и до 12-минута имаа гол предност 4:4. Во продолжение унгарскиот пампион направи голема серија од 14-5 и веќе на полувремето ја анулира негативата од осум гола (17:9).

Во вториот дел избраниците на Парондо ја зацврстија одбраната и заиграа далеку подобро во нападот па во 52-минута намалија само на два гола негатива (23:25). Најефикасен во редовите на Вардар беше Игор Карачиќ со 8 гола, додека Кристопанс постигна 5, а уште една брилијантна партија имаше голманот Дејан Милосављев кој имаше 10 успешни одбрани.

Покрај Вардар, во полуфиналето ќе играат и унгарски Веспрем, шпанската Барселона и полскиот првак Килце. Завршниот фајнал-фор во Келн ќе се одржи на 1 и 2 јуни. `

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Македонскиот репрезентативец ќе игра на позицијата на лево  крило а потпиша двегодишен договор со Р.К.Вардар и ќе му биде замена на Тимур Дибиров во новата сезона.

Ново засилување во Р.К Вардар- ова е замената за Дибиров

21 годишниот Димитар Димитриоски, e новиот ракометар кој ќе го облече дресот на црвено...

Двојниот европски првак сериозно се подготвува за новата сезона каде повторно ќе игра на три фронта, во лигата на шампионите, во СЕХА лигата и во плејофот во домашното првенство.

ВАРДАР ДОБИ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА: Атман- Вардар е мој нов клуб, се надевам ќе се вратам „во живот“!

Двајца руски репрезентативци, Сергеј Горпишин и Павел Атман во следните две сезони...