За одземање на мандат на пратеник на собраниска седница потребно е да гласаат 80 пратеници, односно две треини од вкупниот број народни избраници

Објавил: Данаил Михајловски | 20 мај, 2019 15:19

Павле Богоевски во среда ќе закаже комисија за мандатот на Никола Груевски

Фото/Текст извор: ©магазин

Од извори во Собранието дознаваме дека седницата за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски ќе биде одржана во среда, 22-ри мај, а со истата ќе претседава Павле Богоевски кој е и претседател на оваа комисија. Ако биде усвоена како точка на дневен ред на комисијата, доволно е ЗА одземање на мандатот на Груевски да гласаат 5 од 9 членови на оваа комисија. Но, за одземање на мандат на пратеник на собраниска седница потребно е да гласаат 80 пратеници, односно две треини од вкупниот број народни избраници, за што од пратеничката група на СДСМ веќе разговарале со ДУИ, БЕСА, Алијанса, Алтернатива и независните пратеници во парламентот.

Првиот човек на собранието, Талат Џафери, уште минатата среда испрати допис до Мандатно-имунитетната комисија во кој извести дека пратеникот Груевски неоправдано отсуствува од работата на Собранието во период подолг од 6 месеци. Според членот 59 од Деловникот, комисијата има рок од 15 дена да заседава и потоа по нејзин предлог да го стави ова прашање на дневен ред на седница на Собранието. Павле Богоевски најави дека седницата ќе ја закаже за денеска, понеделник, ама откако пукна скандалот со неговиот телефонски разговор за нелегалната набавка на “кокаин или канабис“, се премисли. Официјално, како што самиот кажа, поради важните закони кои требало да поминат на комисиска расправа. Дури потоа, изјави Богоевски, ќе биде закажана седницата за мандатот на Груевски. Во Собранието веќе еднаш се гласаше за одземање на мандатот на Груевски, во ноември 2018 година, кога траеше жалбената постапка за судската казна. Тогаш власта не успеа да обезбеди ниту просто мнозинство од пратениците, а само неколку денови потоа Груевски објави дека е во Будимпешта, каде доби политички азил од Унгарија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари.

СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ЗАБРЧАНЕЦ СЕ ПОФАЛИ НА ФБ: -Парите кај граѓаните – исполнето!

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови...