Според собранискиот кодекс за однесување на пратениците во Собранието Богоевски е надлежен да повика двајца експерти по морал

Објавил: Узунов Бобан | 16 мај, 2019 12:05

Павле Богоевски ќе повика двајца експерти по морал за да утврдат дали го нарушил угледот на Собранието !?

Фото/Текст извор: ©магазин

Според собранискиот Кодекс за однесување на пратениците во Собранието донесен во јуни 2018 година како дел од дијалогот помеѓу власта и опозицијата насловен Жан Моне, пратеникот Павле Богоевски како претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања  треба да повика двајца експерти по етика за да утврдат дали го прекршил истиот. 

Како носител на јавна функција треба да покаже морална величина и да постапи според овој кодекс, а тоа прашање може да го покрене и собранискиот спикер Талат Џафери.  

Според членот 2, целта на овој кодекс е зачувување и афирмирање на достоинството на Собранието и пратениците како и да ја зголеми довербата на граѓаните и јавноста во основните вредности и интегритетот на фунцкијата пратеник како индивидуа и на Собранието како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија и носител на законодавната власт.

Скандалот со пратеникот Павле   Богоевски каде беше објавена снимка од негов разговор на која наводно нарачува кокаин предизвика лавина реакции во јавноста, и потегна голем број на прашања од морално-правна дилема во општеството. Голем број на интелектуалци од различни сфери побараа негова оставка посебно после неговото јавно признание на фејсбук дека сепак набавил забранета супстанца со што и призна дека извршил кривично дело. 

Несомнено е дека овој скандал силно го наруши интегритетот и на функцијата пратеник  како и на Собранието  со што исполнети се условите за првпат во македонскиот парламент да се покрене прашањето за етичкото постапување на пратениците во конкретниов случај Павле Богоевски ? Тоа е така затоа што во најмала рака самиот Богоевски призна дека набавувал забранети супстанци и тука  не само што се покренува прашањето за кривична одговорност туку и за моралната одговорност како носител на јавна фунцкија.


Играта на случајот сакаше оваа постапка да треба да ја покрене никој друг туку самиот Павле Богоевски. Според членот  15 од собранискиот Кодекс за етика, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања  е надлежно тело кое треба да утврдува дали пратеник постапил спротивно на општо-прифатените норми на однесување и го нарушил угледот на највисоката институција во државата.       

Комисијата чиј претседател е Павле Богоевски треба да повика на консултации двајца експерти по етика, најверојатно универзитетски професори, еден предложен од власта, еден од опозицијата кои би дале начелни етички ставови и мислења во врска со случајот на Павле Богоевски и набавката на забранетии супстанци во рамкие на својот професионален интегритет. Тоа би било добро и за самиот Павле Богоевски да ги презентира своите ставови и гледишта дали смета дека го нарушил угледот на фнцкијата пратеник. 


Според етичкиот собраниски кодекс, пратеникот е должен да не го повреди угледот на Собранието, особено ако се има предвид дека пратениците го претставуваат народот во текот на целиот мандат и не само во парламентарната зграда. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...