
Македонија
Фејсбук
Павле Богоевски се обиде да биде критичен кон власта но вината ја префрли не на одговорните туку на дежурното надлежно лице кое доби суспензија.
Имено долго време активистите на “Го сакам Водно” јавно прокламираа дека ќе протестираат и со жив штит ако е потребно се со цел да се спречи еколошкиот масакр на Водно, кој го реализира Владата на Република Македонија на име гасификација, а со поддршка на Министерството за сообраќај и врски, Град Скопје и министерството за животна средина.
Пратеникот Богоевски цело време ги премолчуваше одлуките кои говореа едно а манифестираа друго. Имено и покрај најавите на збирна конференција на сите надлежни дека уништувањето на Водно ќе запре, сепак тоа продолжи, но доби и етничка конотација, и тоа токму од собраниските колеги на Богоевски од СДСМ и ДУИ кои порачаа дека активистите од “Го сакам Водно” не сакаат западна Македонија да се грее на гас.
По вчерашниот инцидент Богоевски како паднат од “марс” се огласи со ФБ пост на кој штури и прилично неинформиран во три реченици се обиде нешто да појасни, иако одамна на сите им е јасно, Богоевски игра за сите пари, но како ќе каже Заев, но не и граѓанскиот сектор, поради кој е и во Собранието на Македонија.
Богоевски на ФБ напиша:
Една работа е да сакаш да го браниш и заштитиш Водно по секоја цена, или да си подготвен да жртвуваш мал нејзин дел за да обезбедиш гасификација (а со тоа и почист воздух за цел град).
Сосема друга работа е да му кажеш на багеристот да “гази се’ пред себе” (линк во коментарите). Правото на јавен собир согласно закон е неприкосновено и луѓето ја заслужуваат нашата поддршка во практикувањето на тоа право.
Ако човеков е некој од одговорните на терен, мора да одговара.
Коментарите под постот на Павле Богоевски не за се лица кои имаат под 18 години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.