
Македонија
Вести
Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на Иџет Мемети членот на советот на обвинители , и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители.
Сомнежот е дека истиoт заедно со осомничениот судија Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалник кој е во притвор.
Иџет Мемети важи за близок до политичка партија од албанскиот политички блок, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.
Врховниот судија Наке Георгиев остана без судиски имунитет, а Судски совет со одлука ги отвори вратите тој да оди во притвор. Ова е конечната одлука од вчерашната седница која се одржа зад затворени врати на полноќ.
Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија вечерва од Судскиот совет.
Георгиев бил фатен со 10.000 евра мито, пари кои според истрагата, ги земал за да врши противзаконито влијание. Кешот во евра го земал од синот на ексградоначалник на Ново Село, кој беше фатен во шверц на марихуана и одлежува затворска казна во затворот „Скопје“. Сѐ е работено од страна на МВР во координација со обвинител, по претходна пријава, токму лицето кое му ги дало парите. МВР веќе објави дека судијата е фатен на лице место со парите.
Како што објави Алфа, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица Кисела Вода беше однесен околу 17 часот, а околу 22 часот со цивилни возила на полицијата, сокриен од медиумите, беше однесен во канцелариите на Врховниот суд.
Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.