Бидејќи улиците се празни заради ограничените сообраќајни правила, патролите започнаа со проверка дали граѓаните ја почитуваат оваа норма.

Објавил: Сара Фемина | 14 март, 2020 13:25

ПАДНА МАФИЈАТА: КОРОНА и помогна на полицијата да го уапси шефот на големата мафија во Италија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вирусот на корона можеби шири страв и трепет низ целиот свет, но и помогна на полицијата во Италија да се справи со најлошите криминалци.

Имено, заради епидемијата на вирусот во таа земја, премиерот на Италија, Џузепе Конте, донесе декрет со кој се блокира целата земја.

Драстичните мерки, покрај тоа што покрај обидот да се спречи ширењето на вирусот, придонесоа и за апсењето на лидерот на криминалната група „Ндрангета“, кој беше во бегство од август минатата година, јавуваат италијанските медиуми.

Водачот на кланот Локри, се криел во вила во италијанската област Бружано Зефирио.

Бидејќи улиците се празни заради ограничените сообраќајни правила, патролите започнаа со проверка дали граѓаните ја почитуваат оваа норма. За време на патролата, Карабинерите виделе „сомнително движење“ и веднаш помислиле на Корди.

Имено, како што пишува La Repubblica, запалена цигара во близина на прозорецот открила дека палатата не била напуштена на крајот на краиштата, како што изгледала на прв поглед.

Полицијата наскоро организираше операција за апсење – областа беше блокирана, а потоа првиот тим упадна во вилата. Корди се обиде да избега на друг излез, но полицијата го уапси, пренесува Телеграф.рс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Првата кражба се случила во понеделникот вечерта во локално училиште каде крадци украле пет компјутери откако оградиле ограда на имотот.

Седиштето на мафијата во проблем поради КОРОНА: Се ограбуваат болници, училишта- ХАОС ВО ИТАЛИЈА(ВИДЕО)

Италијанскиот град Палермо регистрира повеќе кражби и грабежи, и покрај карантинот...

„Тероризмот беше отфрлен како мотив за влетувањето на аеродромот„ изјави полицијата.

Дрогирани албанци направија хаос во Барселона: Со кола влетаа во аеродром и се закануваа со убиство(ВИДЕО)

Двајца албански државјани намерно влетаа со својот автомобил во аеродромот во Барселона...

Полицијата исто така соопшти дека турските сили исто така користеле солзавец на грчката граница.

ХАОС НА ГРЧКО-ТУРСКАТА ГРАНИЦА: Повеќе од 500 мигранти пробаа да ја срушат граничната ограда!

Конфликтите на грчко-турската граница избија доцна синоќа, каде околу 500 мигранти се...

Претходно, турскиот дрон беше соборен во областа Идлиб. Сириската армија тогаш најави затворање на воздушниот простор над Идлиб.

Турската војска обори два сиријски авиона: Не престануваат нападите во Идлиб

Турските трупи соборија два сириски авиони над Идлиб, соопшти сириската државна агенција...