Редовни грешки во протокол

Објавил: Калина Мартинска | 19 април, 2024 19:30

Пак грешка во протокол: Армијата и се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Протоколот на македонската Армија го згреши знамето на Норвешка во благодарноста на “Фејсбук”.

Ваквата грешка стоеше 30-минути на социјалната мрежа. Наместо норвешко, стоеше знамето на Исланд.

 

 

“Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност”, напишаа од Армијата.

И претходно, Владата имаше грешки во протокол.

Делегации пречекувани со погрешни знамиња

При посетата на Словенската министерка за надворешни работи, Тања Фајон, министерот Османи ја пречека со државното знаме на Република Словачка и покрај очигледните разлики.

Од Министерството за надворешни работи преку соопштенија се извинија, велат, словенечката министерка имала разбирање за нивните пропусти.

Но и покрај заложбите за подобрување на протоколарните служби и редовните извинувања, погрешните знамиња при пречек на странски дражвници речиси станаа секојдневие во Македонија.

Па така, при австриска дипломатска посета за време на техничката влада, протоколарните служби го згрешија австриското знаме. Но, од грешката не научија, по нешто помалку од една година, при посетата на австрискиот канцелар Себастијан Курц, при интонирањето на австриската химна, тој мораше да одаде почит на туѓо знаме, затоа што македонските владини служби го вееја знамето на Летонија.

Умешноста и способноста не ги прикажаа само државните протоколарни служби, туку и највисоките дипломати во земјава. Поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски на социјалните мрежи испрати благодарност до Холандија со знамето на Јемен, кои воопшто немаат сличен дизајн.

Грешки се прават и на локално ниво. Кога тогашниот француски амбасадор беше во посета на Охрид го дочекаа со холандско знаме.

Но, дури и кога ќе го погодат знамето, се случува да направат грешка при неговото поставување. Така, при посетата на црногорскиот претседател, во вилата Водно, знамето на Црна Гора висеше наопаку, додека пак при посетатата на министерството за правда од страна на чешка делегација, владините служби го прикажаа и чешкото знаме наопаку.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.