
Македонија
Референдум
Љупчо Палевски, поранешен висок функционер на СДСМ и актуелен претседател на движењето, политичка партија “Трета” денес рано го најави ваквиот исход од референдумот.

Имено поранешниот претседател на Градската организација на СДСМ за Скопје, сега голем противник на политиките на актуелното раководство на СДСМ и Зоран Заев, рано изутринава на социјалните мрежи постираше проекција како СДСМ и ДУИ планираат да го изведат референдумскиот ден, кој според него ќе заврши со излезеност од над 40%.
Палевски за ова објави и проекции, според кои очигледно е дека СДСМ и ДУИ овој пат нема да ја “испупаат” целата партиска членска артилерија пред 11 часот, што е традиционално за нив.
Имено ќе се (зло)употреби периодот од 13 до 15 часот кога гласачите во основа не се на гласачките места за на крај референдумот барем да надмине 40% што е во основа и цензус за избор на претседател со цел да се оспори легитимитетот т.е. да се добие на легитимитет за успешен референдум на кој ќе му недостигаат 10% од електоратот.
Палевски можеби и најдобро ги знае политичките игри во СДСМ како иако не е во партиските органи веќе 18 години има одлични внатрепартиски информации.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.