Во вчерашното гостување на Телевизија Алфа, Љупчо Палевски- Палчо, активистот и претседател на движењето „Трета“, кој неодамна беше физички нападнат, јавно обвини дека зад нападот стои власта, односно како што истакна Заев и Мијалков.
-Тие беа наркомани, дилери, со мали скутери кои разнесуваат дрога низ градот, за грам –два, очигледно дека подземјето работи со власта, со политичката елита која бара вакви услуги од време на време, не само што ги обвинувам јавно, точно знам кои се, тоа се господинот Заев и Мијалков. За ова имам и сведоци, подготвени на суд, на кое место и кога ми се заканил дека планира да ме стави во буре со киселина да не постојам – рече тој на Алфа.
Тој проговоре за нападот и откри дека бил нападнат од две лица од кој еден со пендрак на извлекување кој му нанел 4 удари и еден со боксирач кој му нанел 8 удари, а како причина за нападот ја посчи аферата „Атлантик“, во која тој ги изнел доказите дека е злоупотребена целата правна процедура, дека се прислушкувани активисти на „Бојкотирам“ за по секоја цена да се протне името зад оној референдум кој не успеа.
-Со настаните од 27 април, тоа е истата онаа истрага, не е затворена, туку во истата се надоврзани сите активисти од „Бојкотирам“ и истрагата од 27-ми си ја продолжиле со тоа што не прогласиле за терористи и македонски екстремисти и јас сум идеолошки инспиратор за атентат врз Зоран Заев , така стои во истрагата штоја спроведува тогашната УБК, истакна Палевски.
Запотсетување, Палевски беше нападнат на 17 септември откако бил пресретнат од непознати сторители пред неговиот дом, упатувајќи се накај својата викендичка.
Бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо минатата година беше приведен од полицијата во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва, каде требало да склучи бизнис зделка.
Палевски беше приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.