Потврден 30-дневниот притвор

Објавил: Калина Мартинска | 22 мај, 2024 0:36

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Палевски останува во притвор, со првична мерка притвор од 30 дена. Во текот на истрагата која е во тек, Палевски изјави дека е невин, тврдејќи дека тој не ги извршил убиствата и тврдејќи дека постојат докази кои ја потврдуваат неговата невиност.

„Не бев во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, рече Палевски кога го спроведуваа од Кривичниот суд. 

Кратко одговори и дека нема да се брани со молчење и дека има докази за неговата невиност. Но, не одговори каде бил на денот на убиството на Вања на 27 ноември, минатата година.

Инаку двајца од тројцата кои се осомничени во случајот Влатко Кешишов, Боре Видевски и Велибор Манев кога беа приведени признаа вина и сведочеа дека Палевски е организаторот на грабнувањата и убиствата.

Кривичниот суд преку ссоопштение го потврди определениот притвор за Палчо.

„Постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело“, соопштија од судот. 

Додека трае правната постапка, случајот на Љупчо Палевски ќе го води адвокат назначен од судот, откако неговите избрани бранители одбија да ја заземат неговата одбрана. Истрагата за двојното убиство на Вања и Панче е во тек, а Палевски тврди дека не е вмешан во делото.

По пристигнувањето во истражниот затвор во Шутка, Палевски навремено писмено побара за негови бранители да бидат именувани Тони Менкиновски, Славчо Секуловски и Јовица Страшевски. И покрај неговите барања, сите тројца адвокати одбија да го застапуваат на суд. Следствено, судот ќе му додели адвокат по службена должност за да се погрижи да има правно застапување во текот на процесот на судење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.