„Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД.

Објавил: Сара Фемина | 10 септември, 2019 10:43

ПАЛМЕР: Ако Македонија не влезе во НАТО во декември, ќе влезе после неколку месеци!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека цврсто е уверен оти Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО.

„Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци“, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора.

„Говорејќи за Црна Гора, американскиот претставник рече дека Црна Гора е лидер и најуспешна мултиетничка држава во регионот и дека не е случајно тоа што Црна Гора е прва држава што ја посетува Палмер по стапувањето на должноста“, соопшти Кабинетот на премиерот Марковиќ.

Палмер рече дека и Русија сака регион заснован врз нереди и недоверба.

„Западен Балкан го гледаме како член на семејството на западни земји, интегрирани во евроатлантските институции, како земји со кои се соработува врз основа на правила и норми.

Мислам дека тоа најјасно го видовме во Црна Гора кога Русите го поддржаа државниот удар во 2016 година за да се спречи земјата да влезе во НАТО“, рече Палмер, додавајќи: „Мислам дека Русите не завршија со настојувањата да прават проблеми во Црна Гора и на Западен Балкан“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претставниците од Данска ги поздравиле спроведените реформи во земјава за членство во ЕУ и НАТО, при што потенцирале дека новата данска Влада, како и претходната, високо ги цени достигнувањата на земјава во реформите, како и склучените билатерални договори со соседите.

Османи: Ја очекуваме поддршката од Данска за старт на преговорите

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со...

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Антикорупциска: Бараме да се раскине договорот за закуп и за Бранко Црвенковски

Од Државната комисија за спречување на корупција вечерва испратија соопштение во...