Заменик помошникот државен секретат на САД, со површна посета на Македонија, при што освен со Мицкоски, избегна да се соочи со средба со претседателот на државата Ѓорге Иванов

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 9:05

Палмер избегна да се соочи со Иванов

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

САД цврсто го поддржуваат Договорот од Преспа и тоа е од суштинска важност за евроатлантската иднина на Македонија.

Заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер вчера за време на посетата на Македонија, изрази силна американска поддршка за Договорот од Преспа.

Тој на средбите со политичките претставници порача дека Македонија може да смета на силната поддршка од САД за евроатлантските интеграции на земјата.

Палмер рече дека осумдесетте гласа за поддршка на Договорот од Преспа во Собранието претставуваат историска пресвртница и го отвораат патот за европска иднина на Македонија и македонскиот народ.

Сметаме дека јавноста ја поддржува оваа спогодба. Задоволни сме од исходот на процесот на гласање во петокот. Тоа е глас за иднината и тесно ќе соработуваме со Владата и со сите пратеници кои гласаа за Спогодбата со цел таа целосно да се спроведе, потоа Грција да си ги исполни своите должности за ратификацијка на договорот, за да може да направите напредок во зачленување во евроатланските институции. – оцени Палмер.

На прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Палмер рече дека не е никаква порака што не остварил средби со лидерот на ВМРО  -ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со претседателот Ѓорге Иванов, и оти при секоја посета има определено време и треба да се направи избор како тоа да се искористи.

Јас детално разговарав со Мицкоски, тој испрати и писмо кое јас внимателно го прочитав, каде што тој ги изнесува ставовите на ВМРО – ДПМНЕ, се сретнав и со многу членови на македонскиот Парламент вклучително и со пратеници од опозицијата, така што тоа не е моја порака до нив. – рече Палмер.

Заев посочи дека средбата со Палмер доаѓа во исклучително важен момент на Македонија и само неколку дена по големиот исчекор кон иднината направен во Собранието.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството...

Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник,...

Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите...

Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува...