Метју Палмер откако од Заев и Ахмети доби гаранции дека имплементирањето на Преспанскиот договор тече според предвиденото, почна да го решава косовското прашање

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 8:14

Палмер по Белград и Скопје, во Приштина за Косовскиот рамковен договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Помошникот заменик државен секретар на САД, Метју Палмер, по посетите на Белград и Скопје, во посета на Приштина каде го претстави својот план за Косовски рамковен договор.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на средбата со заменик помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави Метју Палмер изјавил дека Косово е непоколебливо во зачувувањето на уставната реалност и суштина, кога е во прашање договорт со Србија.

Харадинај по средбата објави дека со Палмер разговарал и за „транзицијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК)“, за чие подигање нагласил дека „улогата на Америка и на НАТО останува незаменлива“.

За финалната фаза на дијалогот (со Србија), Владата на Косово е подготвена за создавање на еден концепт на единство на политичките сили и изготви соодветна резолуција. Што се однесува до законски обврзувачкиот договор со Србија, во рамките на средбата го нагласив општиот став дека сме непоколебливи во зачувувањето на уставната реалност и суштина на Косово, кои се постигнати благодарение на жртвите на нашиот народ и долгорочното инвестирање на Америка и нашите стратешки партнери. – истакна Харадинај.

Палмер допатува во Приштина на средби со косовските лидери, по посета на Скопје, каде што се сретна со премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Никола Димитров и со претставници на партиите на Албанците во Македонија.

На премиерот Харадинај, Палмер ќе му го претстави нацрт Косовскиот рамковен договор, кој веќе наиде на позитивни реакции од официјален Белград.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.