
Свет
Вести
Љупчо Палевски Палчо е зад решетки во затворот во Шутка.
„Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје“ велат од Министерството за правда.
Тој денеска беше екстрадиран од Турција со комерцијален лет на „Turkish Airlines“.
Тој е сместен во притворското одделение бидејќи уште првиот ден кога беше пронајдено телото на Вања му беше веќе му е одреден 30-дневен притвор, а неофицијално и таму за него ќе важат посебни безбедносни протоколи.
Во истражниот затвор Шуто Оризари се спроведoa посебни оперативни мерки поради екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо. Во затворот присутни се специјални единици, а сите затвореници се под клуч односно како одделенијата така и ќелиите. Командирите издале наредби дека никој не смее да излегува надвор од местото каде што издржуваат затворска казна без разлика дали во отворено или полуотворено одделение.
Палевски е обвинет за две тешки дела: „киднапирање“ и „брутално убиство“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Палчо првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.
Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.
Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне , каде и да сте! , соопштија од Министерството за правда.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.