Горан Пандев доби уште една богата понуда за да ја напушти Италија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јануари, 2019 13:48

Пандев доби милионска понуда да ја напушти Италија

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев доби уште една многу богата понуда за да ја напушти Италија.

Понудата е од околу 4 милиони евра по сезона, која го става македонскиот ас на искушение дали да ја напушти Џенова и следните две сезони да ги мине во првенството на Катар. Актуелен менаџер е Руи Фарија, кој многу години беше прв асистент на Жозе Мурињо и многу добро го познава Горан Пандев од периодот кога заедно освоија тројна круна со „нероаѕурите“.

Горан Пандев е истакнат македонски фудбалер, кој во моментов настапува за Џенова во италијанската Серија А и е моментален капитен на Македонската фудбалска репрезентација. Тој исто така е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија. Роден е на 27 јули 1983 во Струмица и тој е еден од најдобрите фудбалери во Република Македонија.

Пандев е двапати избран за најдобар спортист на Македонија: во 2007 година, во изборот на весникот „Дневник“, и во 2010 година, во изборот на весниците „Дневник“ и „Нова Македонија“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Меси не го заврши овој меч, откако беше исклучен по конфликт со Гари Медел за што дополнително доби казна од еден натпревар.

ЛИОНЕЛ МЕСИ ЈА ДОБИ КАЗНАТА: Аргентинецот суспендиран на три месеци!

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси доби тримесечна суспензија, поради коментарите...

Како и речиси и секоја голема приказна, така и онаа за Вардар има скромен почеток. Како фузија од два клуба Македонија и Победа во таа 1947 година во киното „Вардар“ во Скопје, се создаде клубот кој што подоцна ќе даде многу за фудбалот во поранешната држава Југославија, а потоа и во Македонија.

Среќен 72-ри роденден Вардаре!

Фудбалската гордост Вардар денеска слави 72 години постоење. 72 години симбол на Скопје,...