Во периодот на вонредна состојба паркинзите функционираа со намален обем на работа, што е случај и кај пајак-службата.

Објавил: Стојче Бушин | 24 јули, 2020 16:05

ПАНДЕМИЈАТА СО ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ”

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На наредната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува шестмесечниот извештај од работењето на ЈП „Градски паркинг“ за периодот од 01.01.2020 година до 30.06.2020 година, кое бележи значајно намалување на приходите споредено со истиот период минатата година.

Билансот на успех за периодот од 1 јануари до 30 јуни покажува дека приходите на претпријатието се намалиле за речиси 30% во однос на истиот период минатата година.

Намалувањето, во голема мера се должи на падот на оперативните приходи – приходи од паркирање и приходи од отстранување на непрописно паркирани возила како последица на здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид19.

Во периодот на вонредна состојба паркинзите функционираа со намален обем на работа, што е случај и кај пајак-службата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Во делот на велосипедскиот сообраќај на овој булевар минатата година беа реконструирани и велосипедските патеки од Рампа до бул. Кочо Рацин на кој за прв пат беа поставени велосипедски ленти стеснувајќи го коловозот заради смирување на автомобилскиот сообраќај.

ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА И УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ КАЈ СТАРАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА

Улицата 11-ти Октомври на потегот од крстосница со булеварот Кочо Рацин до крстосница...

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.

ВНИМАТЕЛНО: Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информира АМСМ! На 19.09.2020...