Управа за извршување санкции

Објавил: Калина Мартинска | 9 декември, 2024 9:38

Пандов: Затворениците повторно ќе бидат ангажирани со општокорисна работа

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Со измени на Законот за извршување на санкции, на затворениците ќе им биде понуден работен ангажман, ако добијат ќе ги изгубат сите привилегии.

Ова го вели во интервју за Радио Слободна Европа в.д. директорот на управата Александар Пандов.

„12 казнено поправни домови и установи има Македонија. Затворот Скопје е еден од нив. Факт е дека цел затвор не е таков. Но, одреден број на ќелии кога го прошетав затворот, имаше графити од 1989 година со пенкало напишани, не е офарбана таа ќелија од тогаш. За жал, се уште директорот Утковски интензивно со материјалните средства кои ги поседува ќелија по ќелија ги реновира. Но, има уште неколку ќелии во затворот. Пак ќе го кажам истото – куче да врзете таму не знам колку ќе издржи.

Во однос на другите затвори?

Имаме затвори кои се европски затвори, имаме воспитно поправен дом во Тетово во Волковија за малолетни престапници кој е буквално европски затвор. За него можам да посочам и одговорно да тврдам дека 80 насто од дечињата дома во Македонија немаат такви услови како што имаат децата таму. Тоа е супер нов затвор пуштен во 2020 година. Затворот Куманово е релативно нов затвор. Отвореното и полуотвореното Одделение во Идризово се супер солидни. Тие се исто пушени во 2018 година, вели Пандов.

Европската комисија нотира дека целокупната состојба во затворите останува страшна. Дали и што тргнавте да менувате?

Страшна е во два дела во Македонија. Јас наследив тотално руиниран затворски систем, без никаква дисциплина и од затворската полиција и од страна на затворениците.

Кога велите дека сте наследиле проблеми, тоа веројатно го говореле сите ваши претходници, па сликата со децении останува непроменета.

Така е, меѓутоа во кој било затвор појдете ќе ви кажат дека како тие 7 години додека владееја СДСМ и ДУИ, како што тогаш е урнисан затворскиот систем никогаш не било така. Сме наследиле супер квалитетен систем од СФРЈ, тоа е точно и во учебници и пред две недели имав можност во Хрватска, посетив три затвори таму.

Истото и тие го кажуваат дека сме имале како поранешна југословенска држава затворски систем кој бил еден од најдобрите во светот. Кога ви посочувам околу квалитетот на градбите, ви реков дека е пуштен во 2018 година, тоа значи дека во изминатите години се изградиле, а минатата власт требало само да ги пуштат во употреба. А во овие минати седум години шајка не е заковано.

Не е проблем во Македонија само квалитетот на градба. Кога говорат за затворот Идризово и квалитетот на условите, влегуваат во одреден дел Амбуланта. Тоа е најстарата зграда во Идризово и точно тоа не е добро. Но, кога ви реков дека отвореното и полуотвореното одделение се направени, требало во 2023 втората фаза да се изгради.

Требало нов притвор и болница да имаме таму, за жал не направиле ништо. Сега, мислам дека наредната година ќе се започне со изградба на втората фаза. И тоа додека не се направи може да фарбаме и тоа е непоправливо. Меѓутоа влага има таму и непоправливо е ако се реновира тој затворен дел на Идризово.

Линк до видео интервју.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.