Во Зелениково се чувствува доаѓањето на есента, па ноќите се многу ладни. Во Шутка како е, ви пушта ли Еско ноќе некакво греење? Имам, од времето додека одев на лов, топла вреќа за спиење, ако не да ти ја испратам преку Фрчковска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2019 19:50

Пандов: Катице те местат, отвори си ја душата, олесни си се, збриши ги Заев и Шеќеринска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мила моја Кате. Овие се тие денови во кои го сфаќаш значењето на зборовите: „Годината минува, денот никогаш“!

Во Зелениково се чувствува доаѓањето на есента, па ноќите се многу ладни. Во Шутка како е, ви пушта ли Еско ноќе некакво греење? Имам, од времето додека одев на лов, топла вреќа за спиење, ако не да ти ја испратам преку Фрчковска. Со качулка е, па и главата ќе си ја покриваш. Ти како гевгеличанка зимурлива си, малку ти треба да настинеш или не дај боже да се укочиш. Можеби е рано, ама ако сакаш со вреќата и калчинки да ти испратам, па со нив ќе си се шеташ низ соба. Ако веќе не можеш менталното, тогаш барем чувај го телесното здравје. Внимавај на терапијата и какви апови пиеш, не верувај на никого освен на децата. На Сашо Василевски немој никако, пошто се гледа дека бил со тебе само за да те искористи.

Фејсбук статус на Александар Пандов

Кате пред некој ден бев на свадба и пази што ми се случува. Додека седнат на округла маса се докажувам со останатите гости дека си злоупотребена од Шеќеринска и Заев, ми приоѓа еден од музичарите и ми вика: Пандов ние како бенд многу те почитуваме и сакаме да ти исполниме една музичка нумера. Додека да изговорам Димче Могилче, ме претркуваат сите седнати на асталот и хорски викаат: Като Катинке! Не можеш да веруваш, музичариве ко од пушка кога ја викнаа: Като Катинке, ти детелинке, зошто не ми зборуваш,видов не видов станав да играм и тоа на кец. Пеам јас, пеат сите, насмевки кај сите на лицата од шестка до шестка, едно време да ти кажам срам ми падна! Си мислам што ти е живот, јас пијам, пеам, се веселам, а ти се тресеш ко куче од студ во келија. Тоа е, животот е некогаш сив, некогаш жут!

Повеќе пати до сега ти имам пишано, но кога си ти во прашање не ми е тешко да ти повторам, Катице те местат. Ако одиш по паметот на Фрчковски, ти и Боки Тредичи на крај најкабает ќе испаднете. Како слушам Зоки Кичеец веќе се договорил со Вилма да свирка, па ти види. Будалче отвори си ја душата, не држи во себе, олесни си се. Тука надвор на секого му е јасно дека ти и Боки не сте мозокот на Рекетот, туку тоа се Шеќеринска и Заев. Ти го имаш клучот од портите на цунамито кое ќе ги збрише овие двајца, ако го употребиш и ги отвориш. Со тоа многу ќе и помогнеш на Македонија и на сите нејзини граѓани да се спаси од нив, а тие тоа нема да ти го заборават.

#ТвојАлександар

Фејсбук статус на Александар Пандов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...