Мајката обвинува дека Управата на градинката наместо да повика служба за дезинфекција, тие одлучиле сами да дезинфицираат, и тоа додека децата се присутни во просториите.

Објавил: Валерија Петрова | 7 октомври, 2019 18:33

ПАНИКА ВО КИСЕЛА ВОДА: МРСА ги напаѓа дечињата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во скопската населба Кисела Вода владее голема паника и загриженост за децата.  Бактеријата МРСА се шири помеѓу дечињата во клонот Кокиче од градинката Весели цветови.Загрижена мајка денеска алармираше дека покра претходните два случаи за кои информираше Слободен печат се бројот се зголемил за уште едно дете.

Мајката обвинува дека Управата на градинката наместо да повика служба за дезинфекција, тие одлучиле сами да дезинфицираат, и тоа додека децата се присутни во просториите.

– Сите деца се ставени во една просторија, а во другите се чисти. Тоа не е начин да се искорени бактеријата. Мора да се почитуваат стандарди и правила, вели загрижената мајка.

Од градинката велат дека до нив не е пристигната информација нов случај на МРСА.

– Доколку добиеме информација на нов заболен од МРСА повторно ќе исконтактираме со Центарот за јавно здравје. Денес имаше вонредна дезинфекција на цел објект. Екипата дојде порано, пред да дојдат децата и потоа ги пуштивме децата во занималните, рече Валентина Божиновска, директорка на градинката.

За разлика од дезинфекцијата која е безопасна и може да се направи пред почетокот на работниот ден, дератизација се прави во петок попладне, за да може да има дејство и во текот на викендот. Редовна дератизација по протокол се прави два пати годишно, а ако има потреба се прави и вонредна дератизација, додаде Божиновска, и повика да не се прави паника од овој случај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...