Не се ниту смртоносни ниту премногу опасни како Вариола вера на пример. Единствено што може да остават белези по телото. Лани имало само двајца заразени во САД, додава тој.

Објавил: Мате Парлоф | 21 мај, 2022 12:42

Пановски за Фокус: Мајмунските сипаници се повеќе интересни за медиумите отколку што се опасни

Фото/Текст извор: ©fokus

Во земјава досега немало случај на мајмунски сипаници, а со оглед на малата раширеност во светот и потенцијалните ризици немало потреба ниту од развивање вакцина, вели за „Фокус“ микробиологот доктор Никола Пановски.

Мајмунските сипаниците не се шират како грип и нема потреба од мерки, особено што има само 20 заразени во Британија, јас повеќе ги гледам како интересни за медиумите или дефокус од реалните проблеми отколку сериозна закана. Не се ниту смртоносни ниту премногу опасни како Вариола вера на пример. Единствено што може да остават белези по телото. Лани имало само двајца заразени во САД, додава тој.

Пановски вели дека веќе ни ковидот не е меѓу најризичните болести во светот, повеќе починати имало од респираторен синцицијален вирус (RCV) поточно според статистиките над 100.000 деца починале од овој висрус во светот.

Досега се потврдени околу 80 случаи на мајмунска сипаница во најмалку 12 земји, соопшти Светската здравствена организација, додавајќи дека се истражуваат уште 50 сомнителни случаи.

Случаи на таа инфекција се потврдени во девет европски земји, како и во САД, Британија, Канада и Австралија, пренесe Танјуг.

Сипаницата е најчеста во оддалечените делови на Централна и Западна Африка, а според Британската национална здравствена служба, тоа е ретка вирусна инфекција која обично е блага и од која повеќето луѓе се опоравуваат за неколку недели.

Вирусот не се шири лесно меѓу луѓето.

Мајмунската сипаница кај луѓето доведува до иритации на кожата со пустули и плускавци кои на крајот пукаат и потоа чешаат, иако ретко оставаат лузни. Инфекцијата е слична на нормална сипаница (сипаници или вариола).

Случаите регистрирани во Велика Британија се пријавени како западноафрикански сој, што е релативно благ во споредба со централноафриканската варијанта. Болеста обично се развива во рок од три до четири недели. Западноафриканскиот вид ретко е смртоносен – а кога е, најчесто е кај малите деца. Како мерка на претпазливост, Институтот Роберт Кох (РКИ) издаде предупредување за Германија, апелирајќи до граѓаните да бидат внимателни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...