Ако погребот како масовен собир е забранет и се прави под специјални услови, кај нас такви настани нормално се случуваат, нема контрола, дури и се кажува дека болеста се проширила таму.

Објавил: Владо Марин | 29 мај, 2020 21:01

ПАНОВСКИ: Нема казни за масовните собири, нема контрола и затоа сме на ова дереџе!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вечерва во „Само вистина“ на Канал 5, гостин беше д-р Никола Пановски!

Според Пановски, за три дена бројката може да отиде нагоре бидејќи, како што рече министерот за здравство Венко Филипче, 30 отсто се случаи поврзани со кластери, но надвор од кластерите и од периодот пред да се олабават мерките.

“Ако се забранети собири како на пример свадби и родендени, кога некој ќе одржи некој таков собир без разлика какво име ќе му даде, тој треба да биде санкциониран. Ако имало семејни забави, вечери или не знам какви настани со многу луѓе, односно ако денес гледаме дека во еден кластер имате 20 заболени луѓе, тоа значи дека на тие забави имало многу повеќе од 20 луѓе за да се заразат 20 луѓе и сигурно истите траеле многу долго. Не чув дека некој е казнет и не чув дека некое име е спомнато, барем со иницијали како што имавме прилика да слушнеме во минатото.

Ако погребот како масовен собир е забранет и се прави под специјални услови, кај нас такви настани нормално се случуваат, нема контрола, дури и се кажува дека болеста се проширила таму.

Тоа е една голема индолентност на надлежните кои требаше да казнуваат. Слушнавме дека има луѓе коишто се шетаат иако се во изолација. Сега се кажува дека е констатирано дека луѓето во дадена општина шетаат, а никој не се казнет. Единствен начин да се спречи ширењето на заразата од жариштата кои постојат е барем две недели да имаше строга контрола на движење на луѓето и на сите кои се во изолација” – истакна Пановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Мизрахи потенцираше дека Резолуцијата која е креирана од МАНУ, УКИМ и МПЦ зборува за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја и нема што да се коригира во неа.

Мизрахи: Резолуцијата зборува за македонски јазик, идентитет и историја и нема зошто да се коригира

Резолуцијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ е креирана на таков начин за ниту еден граѓанин...

Мизрахи додаде дека законите строго дефинираат дека на територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи исклучиво се говори на македонски јазик и се користи кирилско писмо.

Поднесовме интерпелација на Џафери бидејќи го прекрши Уставот, Законот за употреба на македонскиот јазик, како и Законот за јазиците, рече Мизрахи

Поднесена е денеска интерпелацијата на господинот Талат Џафери кој што на 28-ми јуни...

Клековски вели дека власта и опозцијата во земјава треба да го следат примерот на политичките сили во Бугарија кои и покрај различните ставови по однос на сите прашања, имаат единствен став кога се работи за државните интереси.

Можен ли е меѓупартиски договор за црвените линии?

Македонија треба или да го стопира пристапувањето кон Европската унија или да оформи...

Предмет генерално ќе биде усвојување на буџетот за 2021 година, претстојниот Конгрес кој ќе се одржи на крајот од 2021 година, идеолошки Конгрес на Европската Народна Партија.

Заев ја донесе државата во ќорсокак потребни ни се европските интеграции за обезбедување на иднината

Интегрален текст од изјава – Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Генерално...