
Македонија
Вести
Во интервју за Скопско Ехо, микробилогот д-р Никола Пановски вели дека не се согласува со најавената мерка на министерот за здравство Венко Филипче, граѓаните да носат маски и на отворено.
„Се надевам дека е нешто грешно пренесено. Апсолутно не се согласувам со таа најавена обврска, која би предизвикала голема штета и недоверба кај населението“
Според него оваа мерка е спротивна на научните сознанија.Тој истакна дека е сигурен во тоа дека ваква мерка нема да се донесе.
„Главен начин на пренос на овој вирус е респираторниот, преку капки и ареосоли. Инфективната доза е релативно голема, треба стотици вируси да навлезат за да предизвикаат инфекција, за разлика од вирусите на морбили, варичела и вариола, каде и една честичка е доволна. Затоа вирусот многу потешко се пренесува на отворено или во големи простории. Илјадници луѓе се собираа на отворено, имаше и има масовни протести, во ресторани и барови, плажи итн. без да се носат маски. Нема докази дека некој така се заразил, а воопшто нема докази дека некој се заразил ако бил сам на улица!!! Треба директен контакт на растојание помало од два метри, кое ќе трае подолго време и во кое заразениот ќе кива, кашла или зборува. Имено, на отворен простор исфрлениот вирус толку се разредува во воздухот, така да инфекцијата е скоро невозможна, а при дистанца е секако невозможна. Кога шетаме сами, се извинувам, ама смешно е и да помислиме дека можеме да се заразиме. Во затворен простор каде има мал волумен на воздух, а повеќе луѓе, маската е корисна. Затоа маските и дистанцата имаат одличен ефект, ако се применуваат правилно. Носењето на маска е мачна работа, ако е носи подолго време. Се разбира не и без реперкусии на органите за дишење, имунитетот, оксигенација на крвта. Затоа е многу важно, маската да се носи само кога е неопходна, а надвор ако сме сами само при загаден воздух“, заклучи докторот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.