Лиле Спасовска од советник на Зврлевски сега е прва прес постава на Јовески, а Вилма од прва виолина на Јован Илиевски баџанакот, сега е диригент број еден на власта.

Објавил: Сара Фемина | 24 август, 2019 9:49

ПАНЧЕВСКИ: “Вилма од прва виолина на Јован Илиевски баџанакот, сега е диригент број еден на власта„

Фото/Текст извор: ©дудинка

ПОЛИТИЧКА РЕФОРМА КАКО ПРЕСУДА ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Јовески пред некој ден со шибицарски фори на пресот за апсењето на Катица проба на народот да му го сокрие топчето и да ја префрли фотељата од СЈО во рацете на некој нов политички послушник од внатре или од надвор од редовното или политичкото, уставното или против уставното обвинителство никој веќе таму не знае каде се наоѓа и на која задача ќе биде испратен, секако ни Уставниот суд со повеќе од половина поминат мандат на судиите уште не го знае одговорот на ова прашање за уставноста што е, што била и што треба да биде функцијата обвинител.

Но Јовевски си има и свои проблеми видно од неговите фејсбук објави фатен во љубовните канџи на претседателовата портпаролка Цаневска-Арсовска екс Општина Центар, игра по нотите на Илинденска бб, а по реакцијата на квичење на Коле Штерјев од Советот на обвинители дека тие како совет не се надлежни за поставување на ВД СЈО и советите што ги добива од вечната Лиле Спасова до него, сиротиот Јовевски се извини до ѕвезди дека како прв човек на обвинителството не знаел кому да угоди попрво и дека за прв човек на СЈО имало Lex specialis (специјален закон)
Интересно е како се шалта приматот на интереси и како за три ипол години истите обвинители кои советуваа и беа дел од “режимот” одеднаш станаа главни советници на овие реформираниве.

Лиле Спасовска од советник на Зврлевски сега е прва прес постава на Јовески, а Вилма од прва виолина на Јован Илиевски баџанакот, сега е диригент број еден на власта.

Во македонски услови кажано “Лешот” е на местото на злосторот никој не презема ништо, се прават дека не го гледаат, а на убиецот на Уставниот и правен систем никој не му може ништо и само тој нели има ексклузива за бомби, ексклузива за поткупи и ексклузива за лаги и говор на омраза. Жално е што Македонија од библиска земја се доведе до овој степен да нема лидери и навистина да нема кој да преземе акција или реакција да го казни злосторот.
Нели не убедуваа дека заради некадарните од Обвинителството требало да се формира СЈО, а сега дека заради криминалите на СЈО некадарните пак треба да преземат, вртење во круг на шупливото и празно обвинителство.

Додека Јовески како поранешен судија и претседател на суд е потонат во својата некадарност да ја дигне Јавно обвинителската организација, Цаневска-Арсовска му ги спрема пресовите, Спасовска квалификациите, Русковска му е егзекутор, а Штерјев селектор – се мој до мојега интелектуала интернационала затекната од времето на Ленче и Бранче ехо на мрачните времиња…

Политички дијалог нема, Пржино и Клуб на пратеници беа само еден добро оркестриран маневар да се спржи македонската бит и патриотизам, а со тоа и македонската држава.

Сега гледаме нема меѓународна, нема организации за човекови права сите тие немо стојат и гледаат како нивниот проект “СТЕЈТ-КРАФТ” или модел-држава се самоуништува бидејќи бил трул, насилен и незаконит, но Законот за јавно обвинителство сепак ита во Собранието да биде изгласан по мерка на тие што ќе го гласаат да може да им се даде инфузија на погоре споменатите да издржат уште многу политички гарнитури и верно да им служат низ годините што следуваат…

Тешко дека оваа нивна идила ќе успее, сите се соучесници и извршители ова што го направија сите актери е во суштина историска осудителна пресуда врз правосудството останува уште да сведочиме по колку години Идризово ги чека?!

Владимир Панчевски
23.08.19
Скопје

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Но, фер е да се каже дека во тие години, на некој начин, водев и „двоен живот“. Во гимназиските денови цел еден четиригодишен мандат бев секретар на младинската организација на општината Карпош.

Героски ја отвори душата: Можев да станам космонаут, ама не сакав

Роден сум во 1962 година во Гостивар, Македонија. Датумот на моето раѓање, 2 февруари,...

Героски, од кого почна пишувањето за Рекет, по консултации со правни експерти бара замрзнување на сите предмети кои ги водело СЈО.

„СЈО ќе остане запаметено како Голи Оток на генералот Капичиќ кого го славеа како Катица пред два месеци„

Да, се согласувам дека нема правда во обвинителствата и судовите но, дочекавме космичка...

Дека во кругот околу премиерот се случува тотален хаос знаеме уште од мај годинава.

Момироски: Зошто за нападите на владините медиумски јуришници врз Героски молчат Роберт Поповски и Ордановски

Слонот во македонската стаклена продавница лоцирана на улицата Илинденска но и на...