Панчевски сам се пријави на издржување затворска казна на почетокот од февруари.

Објавил: Васко Белески | 17 февруари, 2022 9:35

Панчевски по само 13 дена во затвор, излегува на слобода

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/а1он

По тринаесет дена издржување на затворската казна, поранешниот судија и претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, излегува од притвор, дознава „А1он“.

Ова доаѓа откако Врховниот суд ја укинал пресудата со која од велешкиот суд му беше одредена затворска казна од 3,6 години, а Апелација му ја намали на 2,6 години затвор. Одлуката на врховните судии е донесена по две недели откако Панчевски сам се пријави да ја опслужува затворската казна.

„А1он“ се обиде да исконтактира со портпаролите на Врховен суд, но нема одговор, кое е образложението што за волку брз период, е укината пресудата за Панчевски.

Панчевски сам се пријави на издржување затворска казна на почетокот од февруари. 

Тој сега, ќе треба да биде ослободен од затворот „Скопје“ во Шутка. Врховните судии, одлуката да ја укинат пресудата ја носат четири месеци откако Апелација му ја намали казната, што е релативно брз период, ако се има во предвид дека за одлука се чека по најмалку една година.

За потсетување, Панчевски сам се пријави на издржување затворска казна на почетокот од февруари. Тој е осуден за случајот поврзан со АКМИС системот. Беше осуден за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Според овинението, тој во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.
„Обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постоењето на бункери не е новообичаено и низ историјата и во сегашноста ги има и во САД, Австралија и на други места.

Бункерите во Албанија сведочат за минатото, се бараат алтернативни решенија за користење

Последниве две години особено, Албанија бележи рекорден раст по бројот на странски...

– Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило на денешната парламентарна седница. Може да глумите во животот, но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Мицкоски за Маричиќ: Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера ги коментираше денешните случувања...

„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување“, рече Ковачевски

Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена, најави Ковачевски

По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително...

Бектеши при денешната посета на компанијата „Горска“ изјави дека од јули до денеска се забележува многу голем извоз на одредени земјоделски производи и порача дека Владата нема намера да субвенционира производи за други држави.

Ако трговците продолжат со зголемен извоз на овошјето и зеленчукот, ќе предложиме целосно укинување на увозните давачки, вели Бектеши

Македонскиот пазар да не им биде резервен на трговците со овошје и зеленчук во снабдувањето...