
Македонија
Фејсбук
Македонија е нашата мајка и жална врба! Еве сега видовме дека може да биде машка и женска, третиот пол уште не е дојден во Македонија, пишува на Фејсбук статус судијата Владимир Панчевски.
ВО МАКЕДОНИЈА ФИЛМОТ СТАНА ЖИВОТ!
Неколку збора за “машката Врба” на Манчевски:
-филмот е нешто што македонскиот гледач не сака да го види на филм, бидејќи му е реалност фалеше само уште сликата за македонското здравство;
-претерано реален и суров како животот овде во Македонија филмот е живот, а не филм, гледањето буди тежок удар на чувствата на Македонецот;
-самобендисаност од типот “Хичкок” со постер потпис на авторот на сред филм од реклама за чај за потенција;
-скапа народна приказна во првиот дел лош приказ на македонската традиција на едно ниско ниво на култура, негативен одраз за традицијата и културата – верување во натприродни, магијски и окултни обреди без да се каже историската причина за тоа;
-уметност заради профит со две верзии на филмот авторот снимил два исти филма – женска и машка “Врба”, (женската не ја гледав демек истото дејствие од женско гледиште чини плус 150 ден “цената и полот” зависи од киното во кое се дава);
-да не беа глумците и македонскиот етнос, носии и музика филмот ќе беше класично фијаско, единствено вредеше насмевката на аутистичното дете Кире на крајот;
-изобилува со многу пораки, демек авторот да ни соли памет за суровоста на животот која ја преживуваме “некролог со батпис: земниот живот е илузија”;
-вреди да го гледа само некој на кој животот му е убав и му цветаат рози бидејки ќе види нешто поразлично од себе, зошто филмот како уметност не е и не би требало да е реалност, инаку би бил документарец;
-погрешен историски тајминг за ваков филм и промоција на истиот;
-се надевам еднаш ќе доживееме Манчевски или друг наш “успешен” автор да го прикаже македонскиот народ во поубаво светло! “Големи но импотентни таксисти кои веруваат во бога”
–порака дека децата на македонките им ги прават африканци од Буркина Фасо случајно поминувајки на семинар кога од должината кондомот ќе се скине! Искра која може да предизвика ксенофобија;
Пораката е едноставна “што се преживува една жена да стане мајка и да го израсне и сочува своето чедо здраво и право, кое ако е женско преку филмов ќе има добар пример за тоа што да очекува од животот во круг”. Многу прашања и фактори за македонската борба со постоечкиот здравствен и општествен систем како да се основа и издигне семејство, се уште остануваат не одговорени уште од 17-ти век.
Реално по мое мислење сигурно многу скап и еден од нај лошите филмови на Манчевски. Дефинитивно не го препорачувам!
Македонија е нашата мајка и жална врба! Еве сега видовме дека може да биде машка и женска, третиот пол уште не е дојден во Македонија!
Фејсбук статус на Владимир Панчевски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.