Судијата Владимир Панчевски поднесе кривична против претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска и членот Софка Пејовска Дојчиновска. Панчевски пријавата ја испратил директно до републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефот на скопското обвинителство Сашо Рајчев.
Панчевски бил потикнат од прес конференцијата на Антикорупциска на која беше најавено дека Антикорупциска ќе ја проверува имотната состојба на неколкумина судии, меѓу кои и на Панчевски, кој еден период беше и претседател на Кривичниот суд.
Двајца членови на Антикорупциска – претседателката Билјана Ивановска и членот Софка Пејовска Дојчиновска на самиот старт од нивната работа, поради својот не етички и непрофесионален однос, кршејки го законот по кој вршат дискрециони права, заработија кривична пријава! Нека ви е наздравје прес-конференцијата, да свикувате уште многу нови прес-конференции!
За обвинителот Јовевски и неговите послушници поднесено со печат, но не се ни сомневам дека повторно ќе ја заташкаат работата, тоа е многу сигурно и многу веројатно од сите досегашни постапки на Јавното обвинителство и реформираните обвинители, да не гонат криминал како соучесници на власта!
Бележиме и нижеме незаконитости, и лажни правосудни реформи, ова е примерот за борба против корупцијата, еден ден народот ќе им суди!, напиша судијата Панчевски на фејсбук, кадешто ја објави кривичната пријава.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.