
Македонија
Вести
Министерството за внатрешни работи испрати известување до СВР Велес дека треба да го известат Основниот суд Велес за распишување на потерница по поранешниот претседател на Основниот кривичен суд, Владимир Панчевски, потврдија од МВР за МКД.мк.

Од таму велат дека постапувајќи по судска наредба на 10 јули, 2020 година не го пронајде на наведената адреса која е напишана во наредбата, по што е испратено известување за распишување на потерница за Панчевски.
Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет.
Судењето за овој предмет за злоупотреба на „АКМИС“ системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.
Полицијата не го најде Панчевски на адресата која беше напишана во наредбата, па поради тоа испратено е известување до судот во Велес од каде треба да биде распишана потерница по Панчевски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.