За споредбите со Горан Пандев и за тоа кој имаше подобра кариера, легендата на Вардар во интервјуто додава:

Објавил: Валерија Петрова | 5 јуни, 2019 18:00

Панчев нескромно изјави – ниту еден Македонец не ја покажа мојата класа

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нашиот најдобар фудбалер на поранешна Југолавија Дарко Панчев во пресрет на настапот на македонската фудбалска репрезентација на средбата со Полска во квалификациите за ЕП 2020 година, полските медиуми објавија интервју со легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев, во кое тој зборува за состојбата со фудбалот во Македонија, но и за некои работи поврзани со неговата кариера, пренесува Спортмедиа.

Денот кога Црвена Звезда блесна најсилно

Тој во интервјуот изјавил дека Полска е фаворит, но тоа не е секогаш гаранцја за успех. Исто така тој го пофали квалитетот на македонската репрезентација.

За споредбите со Горан Пандев и за тоа кој имаше подобра кариера, легендата на Вардар во интервјуто додава:

Ниту еден Македонец не ја покажа мојата класа. За три години, мојот трансфер беше најскап во светот. Во 1991, го освоив второто место во трката за Златната топка. Никогаш пред или по мене, ниту еден Македонец не беше толу блиску до наградата. Во мое време, само тројца странци можеа да играат во Италија. Замислете нешто слично денеска. Колку добри играчи ќе можеа да играат? Ако важеа правилата од тоа време, мислите дека Пандев ќе се појавеше во тимот на Интер кој ја освои Лигата на шампионите? Еве вие да сте тренер и да треба да одберете меѓу Ето, Снајдер, Милито или Хулио Сезар, дали ќе го ставевте Пандев во игра?.

Дарко Панчев испиша истоија во фудбалот за време на поранешна Југославија.

Дарко Панчев (роден на 7 септември 1965 година во Скопје, Југославија) е поранешен југословенски и македонски фудбалер кој се смета за еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб. Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути. Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб. Со прикажувањето на одлични голгетерски способности му се отворил нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена звезда каде што настапил четири години. Добил златна копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати гола и на црвено-белите, а воедно дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година. Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер Милано. Но за жал во миланскиот гигант повеќе ќе добие репутација на личност за која се интересираат папараците и комерцијалните компании. Тука била ставена кочница во неговата кариера. По неуспешната одисеја во Интер Милано преминал во уште неколку европски клубови како Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф и ФК Сион кога во 1997 година на само 32 години ја завршил невпечатливо својата кариера

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Освоените 97 бода во Премиер-лигата и второто место зад неверојатниот Манчестер сити и сега освоениот трофеј во ЛШ, Ливерпул отвори ново поглавје во својата вековна историја

Пред четири години харизматичниот Германец на навивачите на Ливерпул им вети титула!

Јурген Клоп големиот стратег на клупата на Ливерпул, , конечно успеа да го освои трофејот...

Со оваа победа Ливерпул обезбеди и Суперкуп на УЕФА против тимот на Челзи, кој во финалето на Лига Европа славеше против Арсенал.

ЛИВЕРПУЛ Е ШАМПИОН НА ЕВРОПА- ГО ГРАБНАА ТРОФЕЈОТ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!

Фудбалерите на Ливерпул не грешат двапати и во своето второ финале по ред успеаја да...