Папата Франциско по многу работи се разликува од претходно избраните. За првпат во историјата на црквата, еден бискуп го зема името Франциско, но и за првпат езуит е избран за папа, односно е прв папа кој доаѓа од Латинска Америка.

Објавил: Весна Петровска | 13 јануари, 2020 22:11

Папата Франциско крсти 32 бебиња во Сикстинската капела

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Папата Фрањо денеска крсти 32 бебиња, вклучително и два близнака, во Систинската капела во Ватикан, јави Асошиејтед Прес.

Тој беше изненаден што бебињата останаа мирни додека чекаа да дојде нивниот ред да се крстат утрово.

Во подготовките за очекуваниот плач на бебињата, папата Фрањо се пошегува во својата кратка проповед: „Концертот сè уште не започна“. Но, дури и додека папата ги спушти децата со водата како симбол на чистење на гревовите и ги рецитираше нивните имиња, децата останаа совршено мирни, како и нивните љубопитни постари браќа и сестри.

Кој е папа Франциск?

Езуитот од Аргентина, Хорхе Марио Бергољо, некогашен надбискуп во Буенос Аирес, е Папа на католичката Црква.

Папата Франциско по многу работи се разликува од претходно избраните. За првпат во историјата на црквата, еден бискуп го зема името Франциско, но и за првпат езуит е избран за папа, односно е прв папа кој доаѓа од Латинска Америка.

Хорхе Марио Бергољо е роден а 17-ти декември во 1936-та година во Буенос Аирес, во семејство со пет деца, а неговиот татко бил италијански имигрант, поради што папата Франциско има и аргентинско и италијанско државјанство.

Дипломирал хемиска технологија, но подоцна се одлучил за свештенички повик и стапил во богословија. Во новицијат стапил на 11-ти март 1958-ма година. Хуманистички студии завршил во Чиле, а во 1963-та година, по враќањето во Буенос Аирес, завршил на Филозофскиот факултет во Сан Мигел.

Папата Франциско како универитетски професор следните две години предавал книжевност и психологија на колеџот “Immacolata” во Санта Фе, а во 1966-та ги предавал истите предмети на колеџот “Salvatore” во Буенос Аирес. Од 1967-ма до 1970-та студирал теологија на Теолошкиот факултет во Сан Мигел.

За свештеник бил ракоположен на 13-ти декември 1969-та година, а во “Исусова дружба” го минал својот трет пробандат во 1970-та година. Во 1971-ва година во Алкала де Хенарес во Шпанија, на 22-ри април 1973-та ги положил своите доживотни завети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Според германскиот весник Велт, победата на Пленковиќ била „значително поубедлива отколку што може да се очекува врз основа на анкети на јавното мислење“.

ГЕРМАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ПЛЕНКОВИЌ ПО ИЗБОРИТЕ: Тој е најуспешниот наследник на Туѓман

Германските медиуми пишуваат дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ докажал дека...

Шефот на НАТО, исто така, рече дека е важно Британија да ја преиспита улогата на Huawei во својата 5G мрежа со цел да се обезбеди нејзината безбедност.

СТОЛТЕНБЕРГ ВО ПАНИКА: Кина ќе не престигне во се- Пекинг се приближува кон Западот на различни начини

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави во средата дека Западот не може...

Во писмото се потенцира дека отворањето на внатрешните граници мора да се изврши на координиран и недискриминаторски начин врз основа на јасни, вообичаени и транспарентни епидемиолошки критериуми.

Италија и Шпанија упатија заедничко писмо до европската комисија: Да се ​​отворат границите на земјите членки на ЕУ!

Премиерите на Италија и Шпанија, двете членки на Европската унија кои се најпогодени...