Прајдот ќе започне со собирање на учесниците во паркот „Жена Борец“ од 10 до 12 часот, а движењето ќе биде покрај Влада, сѐ до Школка во Градскиот парк.

Објавил: Владо Марин | 24 јуни, 2021 6:41

Парада на гордоста викендов во Скопје – Ќе ја отвори Васил Гарванлиев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни.

Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за поддршка, нагласи дека оваа парада е посветена на сите ЛГБТИ луѓе и поддржувачи, кои ќе дојдат да го изодат овој марш за еднаквост на ЛГБТИ заедницата, но и на сите оние кои нема да можат да дојдат поради различни причини – зашто се плашат за односот со своите најблиски, се плашат за своите работни места или за односот кон нив во училиште или на факултет, пренесе Сител!

Прајдот ќе започне со собирање на учесниците во паркот „Жена Борец“ од 10 до 12 часот, а движењето ќе биде покрај Влада, сѐ до Школка во Градскиот парк.

Парадата ќе ја отвори нашиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, а потоа ќе следат говори од активисти и неколкучасовна музичка програма. Сите детали околу превентивните мерки и безбедноста ќе бидат тековно споделувани на сите комуникациски канали.

Организатор на парадата е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Откако ја поминаа првата бариера поставена од полицијата, дел од лицата се обидоа преку приватни имоти и дворови да стигнат пред зградата на ДУИ.

ХАОС ВО НАЈАВА: Демонстранти во Тетово се судрија со полицијата, бараат оставка од Заев

Во Тетово денеска се одржа протестен марш од кој учесниците побараа одговорност поради...

Заев посочи дека двете земји споделуваат уште една стратегиска цел–пристапувањето во членство во ЕУ!

Заев и Курти: Имаме силна политичка волја да ги засилиме и продлабочиме билатералните односи и соработката во сите области

Претседателите на Владите на Република Македонија и на Косово Зоран Заев и Албин Курти...