Со неколку метарско знаме

Објавил: Калина Мартинска | 22 јуни, 2024 22:07

Парада на гордоста во Скопје под мотото „Спектакуларно непослушни“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Сè уште сме тука, сè уште постоиме и сè уште работиме на унапредување на нашите права. Со дискусија на темата за човекови права и со слоганот „Непослушни“, годинава се оддржа петтата по ред парада во Скопје.

Организаторите рекоа дека парадата е успешна и реална приказна веќе неколку години по ред и се надеваат дека како и претходните пати да нема инциденти. Од 2019 година, па досега откако се одржува парадата, регистрирани се само два инциденти.

„Немаме видено некакво унапредување со ситуацијата со правата, што треба да се воспостават и да се направат промените во законите. Така да се надеваме дека со формирљањто на новата влада и јубиленјниот петти прајд ќе направиме малце поголема видливост. Патем и со нашиот слоган „Спектакуларно непослушни“, сакаме да укажеме на тој момент, дека ние сè уште сме тука, постоиме, го имаме петтиот прајд, првиот помина одамна со промените што се направија посебно во законот за спречување и заштита од дискриминација што впрочем се случи и баш пред првиот прајд, но досега немаме видено баш некое унапредување“, рече Стефан Петровски од „Скопје прајд“.

Наместо постојано да сме затрупувани во нашите четири ѕида, не е желба за внимание туку барање за нашето еднакво место како и на сите други луѓе во ова општество. Нашата идеја за еднаквост, достоинство и буквално право на живот се оспорува, па тогаш одбираме да бидеме непослушни, рече Лила Милиќ активистка за правата на трансродовите лица. Се чини дека желбата и отпорот на ЛГБТ заедницата да биде замолчена и уште повеќе избришана од јавниот простор се повеќе расте.


„Протестот е барање до владата да обезбеди образвоен систем и програми кој ќе ги гради светогледите погледи на идните генерации засновани на демократските вредности солидарноста, емпатијата и грижата. За да можеме да имаме лични документи кој го признаваат и изразуваат нашиот родов идентитет. Протестот е барање до Собранието да го усвои законот за матична евиденција, со вклучен модел за правно признавање на родот заснован на самоопределување. За да можеме подеднакво да имаме пристап до здравствените услуги и уживаме квалитетен живот и здравје. Протестот е барање за здравствениот систем се прилагоди кон потребите на различните групи граѓани и со тоа да бидат вклучени и недискриминирани“, рече Лила Милиќ активистка за правата на трансродовите лица.

Можноста да ги посетат своите партнери во болница, да го наследат имотот на луѓето со коишто живееле цел живот, да не мора да се соблекуваат за да го докажат родовиот идентитет, ова се основните права и барања, кои ги бараат од ЛГБТ заедницата.

Инаку парадата започна од паркот „Жена – борец“, а протесниот марш продолжи по скопските улици и продолжи по истата рута како и минатите години. Заврши со културно-музичка програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.