Статуа од Александар Македонски ќе никне во Атина

Објавил: admin@magazin | 27 март, 2019 9:22

Парадокс: Античка Атина одбивала да му се покори, а сега го величи Александар Македонски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Почна реализирањето на планот за поставување на споменик на Александар Македонски во Атина, откако во вторникот беше поставено платото/базата за истиот, на аголот помеѓу улиците Амалиас и Васислис Олгас, пренесува грчкиот весник Екатимерини.

Статуата е дело на истакнатиот скулптор Јанис Папас (1913-2005).

Одлуката на поставување на статуата на големиот освојувач Александар Македонски беше донесена од Општинскиот совет на Атина.

Статуата ќе биде висока 3,5 метри и ќе биде донирана од семејството на скулпторот.

Александар Македонски почина 323 година Пред Новата Ера, за време на проширувањето на неговата империја кон Индија.

Парадоксот е очигледен затоа што токму Античка Атина со децении одбивала да му се покори на големиот освојувач.  На осумнаесетгодишна возраст Александар учествувал во славната битка кај Херонеја, во 338 годнина ПНЕ, заедно со својот татко Филип, кога здружените сили на Хелените биле разбиени.

 По убиството на Филип II, Македонското собрание го прогласило младиот Александар за владетел на Македонија.

Како македонски крал, неговата прва воена акција била насочена против хеленските полиси кои се обиделе да ја отфрлал македонската власт. Александар ги принудил да го потврдат Коринтскиот договор, според кој тој ја наследува титулата Хегемон на Хелените.

Во 335 п.н.е., ги поразил Трибалите и нивните сојузници Гетите и преку илирската територија се спушил во Хелада, каде што започнало ново востание насочено против македонската власт, потикнато од Демостен, со центар во Теба. Александар ги поразил Тебанците и ја принудил Атина да го прифати понудениот мировен договор.

Најголемиот грчки оратор Демостен од Атина многу често ги осудувал говорите на Филип II и го нарекувал „варварин“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан