Имено, претседателот Макрон во своите забелешки, кои беа од финансиска природа, околу идното финансирање и функционирање на ЕУ по излегувањето на Лондон од Унијата и дупката што ќе треба да се пополни, истакна дека парите за проширување во Унијата треба да се намалат и да се пренаменат за други сектори, како на пример субвенционирањето на француските земјоделци и иновации.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 октомври, 2019 18:28

Македонија сама да си плати влез во ЕУ, парите за проширување во Унијата треба да се намалат!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако минатата недела Македонија не успеа да добие датум за отпочнување на преговорите за влез во ЕУ,  на виделина излегоа и одредени поинакви гледишта на состојбите и околностите внатре во Унијата, пишува Нова Македонија.

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот одби да даде зелено светло на Македонија да започне разговори за пристапување во Европската унија и предводеше група водачи кои блокираа отворање разговори и со Албанија, и покрај загриженоста за кинеското и руското влијание на Балканот.

Имено, претседателот Макрон во своите забелешки, кои беа од финансиска природа, околу идното финансирање и функционирање на ЕУ по излегувањето на Лондон од Унијата и дупката што ќе треба да се пополни, истакна дека парите за проширување во Унијата треба да се намалат и да се пренаменат за други сектори, како на пример субвенционирањето на француските земјоделци и иновации. Со други зборови, како што пишува „Дојче веле“, францускиот претседател Макрон упатил затскриени пораки, до оние земји што сакаат проширување на Унијата, тие да го финансираат тој процес, но не и целата Унија.
Поранешниот дипломат Ристо Никовски, за Нова Македонија истакна дека антипроширувачкото расположение во Франција и во Германија не може да се игнорира.

– Финансиските проблеми на Унијата во никој случај не се и нема да бидат проблем за проширувањето. Во прашање е антипроширувачко расположение во Франција и во Германија пред сѐ, а и во неколку други земји, кои тамошните власти не може да ги игнорираат. Тоа е основната причина зошто Макрон отворено кажа дека проширување можеби нема да има, иако реформите во Унијата за кои тој нагласено се залага се исто така голема пречка за проширување. Да не забораваме дека тој најави дека Франција ќе има нова политика кон Балканот, која подразбира многу поголем ангажман и тоа одлично се вклопува во најавите дека ќе нѐ држат надвор. Дури и да добиеме датум за преговори, Софија веќе најави дека тоа не значи членство и официјализира дека имаат 71 барање за неприфатливи отстапки за Македонија. Во изјавите на Макрон интересен е фактот и што спомна некаква опасност од Албанците во случај на одвојување од Македонија. Тоа е нов момент во европските политики кон нашиот регион – вели Никовски.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...

Укинати се и препораките за работа од дома, за избегнување на возрасните да учествуваат на масовни спортски натпревари и кампови, делумно да се одржува настава од далечина на универзитетите и да се носи маска во случај на метеж во јавниот превоз.

Шведска ги укина мерките, ги прекина тестирањата и ги отвори границите

Шведска од денеска ги укина сите епидемиолошки мерки, го прекина масовното и бесплатно...