Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 523 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Објавил: Стојче Бушин | 19 октомври, 2020 11:31

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 523 ВОЗИЛА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот.

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 523 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Со оваа инвестиција, манастирот ќе биде подостапен за сите верници, добронамерници, туристи, љубители на манастирскиот туризам.

Започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот манастир, Општина Теарце

На овој голем празник, Св. Архангел Михаил, започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот...

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 246 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (12.11 – 18.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети...

Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) на овој член.

ЗИМСКИ ГУМИ: Започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата

Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот...

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози!

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, известува АМСМ! Од 15.11.2020...