Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 669 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 ноември, 2020 9:48

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 669 ВОЗИЛА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот.

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 669 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОТСТРАНЕТИ 142 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (15.01 – 20.01.2021 година) со специјалните возила пајак се...

„Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

Поради ковид-19 кризата, македонските аеродроми во Скопје и Аеродром бележат 782.876 патници,...

Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

23 отсто помалку сообраќајни незгоди во декември, вчера 53 санкции за брзо возење во Кочани, 10 неисправни возила за јавен превоз

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи...