Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Објавил: Перо Милчин | 4 јануари, 2021 11:52

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 661 ВОЗИЛО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот.

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 661 возило според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далеководи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години.

Заев и Бочварски на изградбата на далекуводот Штип-Овче Поле: За просперитетна економија инвестираме во енергетската инфраструктура дома и се поврзуваме со регионот

Изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле, е само дел од инвестицискиот циклус...

Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје!

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје! На 19.02.(петок), 22.02.(понеделник)...