Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот.

Објавил: Перо Милчин | 26 октомври, 2020 13:08

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД ГО ИСКОРИСТИЛЕ 521 ВОЗИЛО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД ГО ИСКОРИСТИЛЕ 521 ВОЗИЛО

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот.

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.

На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на продолжениот викенд го искористиле 521 возило според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 338 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 229 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (19.11 – 25.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Од 15.11.2020 година...

Со оваа инвестиција, манастирот ќе биде подостапен за сите верници, добронамерници, туристи, љубители на манастирскиот туризам.

Започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот манастир, Општина Теарце

На овој голем празник, Св. Архангел Михаил, започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот...

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 246 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (12.11 – 18.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети...